Силен земјотрес ја погоди Грција

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 3.06 часот наутро по локално време во Коринтскиот Залив во Грција, соопшти Атинскиот геодинамички институт.

Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени регистриран во Коринтскиот Залив бил почувствуван и во Атика, објавува „Катимерини“.

Во соопштението од Атинскиот геодинамички институт се вели дека епицентарот на земјотресот бил 13 километри југоисточно од Галаксиди, со фокус на длабочина од 13,5 км.

Коринтскиот Залив е чувствителна зона која се карактеризира со висока сеизмичност и чести земјотреси, според „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Пехчево и Берово

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски