Силен земјотрес го погоди островот Евиа, следеле уште два помали

Од:

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Евиа.

Земјотресот, според информациите од грчките медиуми, земјотресот се случил во 16:15 часот по локално време, на 24 километри источно од градот Кими со фокусна длабочина од 14,6 километри.

Градоначалникот на Кими-Аливери, Никос Баракос, за грчките медиуми изјавил дека земјотресот ја потресе областа, но засега нема информации за штети. По големиот земјотрес, следеа уште два со помала јачина.

„Земјотресот не предизвикува голема загриженост“, рече за ЕРТ Ефтимиос Лекас, претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Грција воведува шестдневна работна недела