Во Косово за денеска е најавен штрајк на вработените во основните и средните училишта, јави Танјуг.
Претседателот на косовските Обединети синдикати во образованието, Рахман Јасарај соопшти дека се решиле на штрајк затоа што Владата досега не спровела ниту една точка од нивниот договор, што требаше да биде реализиран до крајот на овој месец.
– Во консултации со претседателите на општинските синдикати во основното и средното образование се договоривме да продолжиме со синдикалните активности. Тоа значи дека е поддржана одлуката в петок да се одржи еднодневен штрајк, изјави вчера Јасарај.