Штрајк на наставниот и медицинскиот персонал во Хрватска

Од:

Во Хрватска утрово почна еднодневен штрајк на синдикатите на учители, наставници, универзитетски професори, научници и медицински сестри. Според првите пдоатоци од теренот, се штрајкува во речиси сите основни и средни училишта и во научните и здравствените установи.

Штрајкот на предупредување го организирале Матицата на хрватските синдикати и Хрватскиот училишен синдикат „Препород“, протестирајќи поради откажување на колективниот договор и намалувањето на платите.

Поради штрајкот не работат практично сите училишта во Хрватска, а синдикатите активисти им препорачаа на родителите да не го послушаат министерот за наука, образование и спорт, Жељко Јовановиќ кој синоќа ги повика да ги испратат своите деца во училиште и децата да не ги испраќаат на настава која инаку нема да се одржи.

Министерство за наука, образование и спорт соопшти дека Владата нема да го плати времето поминато во штрајкови и предупреди дека директорите се должни да обезбедат одржување на наставата и да водат евиденција за тоа кој работи, а кој е на штрајк.

За време на штрајкот на медицинските сестри и техничарите ќе се обезбеди извршување на минимални неопходни работи и итни интервенции, а штрајкот ќе се одржи во сите здравствени установи освен во Итната служба, најавија од Хрватскиот синдикат на медицински сестри.

Министерството за здравство бара за време на штрајкот да се обезбеди непречено вршење на работите.

Освен заради откажувањето на Основниот колективен договор за јавни служби, причината за штрајк се најавите за укинување на додатокот на плати, намалување на средства за образование и наука во државниот буџет, намалување плати на учителите и наставниците низ укинување додато од 3,5,7 и 9 отсто и забрана на вработување на нови медицински сестри

Би можело да ве интересира

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата