На погребот на претседателот на Југославија Јосип Броз Тито, во ковчегот, прекриен со знамето на СФРЈ не било телото на Тито, туку внатре имало песок.
Ова го тврди Обрен Ѓорѓевиќ, некогашен началник на Службата за државна безбедност на Србија.
Ѓорѓевиќ четири децении поминал како професионалец во безбедносните органи и началник на Службата за државна безбедност на Србија.
– Кога Јосип Броз Тито почина, некои членови на Претседателството на СФРЈ, пред се` Стеван Дронјски и Стане Доланц, сакаа да го балсамираат. Телото на Тито, меѓутоа беше полно со разни лекови, па се` почна прерано да се распаѓа и да шири непријатна миризба. Од медицински и хигиенски причини, одлучено беше погребот да се изврши без неговото тело. Во ковчегот кој беше изложен во Сојузното Собрание имаше песок, открива Ѓорѓевиќ.