Штајнмаер: Балканските земји не можеме да ги оставиме сами

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека земјите од Западен Балкан не треба да се остават сами во решавање на бегалската криза и затоа Германија одлучила на Србија и Македонија да им даде милион евра за помош на мигрантите.

Тој во интервју за германското радио Дојче веле истакна дека земјите од Западен Балкан се наоѓаат на патот кон ЕУ и не можат истовремено да бидат држави од каде ќе доаѓаат луѓе и ќе бараат заштита во Германија.

Штајнмаер додаде дека вчера во Виена ги потсетил претставниците на балканските земји дека тие ги прифатиле меѓународните хуманитарни норми во многу договори и поради тоа имаат обврски.

– Притоа не треба да ги оставиме сами. Затоа пред неколку дена билатерално одлучивме на Грција да и помогнеме со околу 1,2 милиони евра за згрижување на бегалците. Исто така, е договорено на Македонија и Србија да им дадеме дополнителни еден милион евра за помош на мигрантите, истакна шефот на германската дипломатија, изразувајќи надеж дека и други држави ќе постапат на истиот начин.

Тој потсети, исто така, дека и ЕУ донела слични одлуки.

Штајнмаер нагласи дека намерата на ЕУ не е да го спречи пристигнувањето на воени бегалци од Грција во Македонија и Србија и интензивно разговара со Атина, која тврди дека Турција масовно ги „турка“ сириските бегалци кон Грција.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски