Шмит останува кандидат за висок претставник во БиХ, наскоро ќе биде назначен

Од:

Конзервативниот германски политичар Кристијан Шмит потврди дека останува кандидат за нов висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, а Русија нема да прави проблем околу неговото назначување, и покрај принципиелното противење, објави денеска „Независне новине“ од Бања Лука.

„Со нетрпение ја очекувам мојата нова улога како висок претставник за БиХ. Ако меѓународната заедница ме потврди, ќе и се посветам на оваа работа со сите мои сили“, изјави Шмит за весникот.

Тој објасни дека најважно за него е „зголемување на видливоста“ на Кабинетот на високиот претставник (ОХР), а неговата цел ќе биде тесна соработка со меѓународната заедница и носителите на одлуки во самата БиХ, но и со нејзините граѓани.

Шмит беше номиниран од Владата на Ангела Меркел за кандидат за нов висок претставник за БиХ, но потврдата за неговото назначување беше одложена, а главната причина за тоа е принципиелниот став на Русија дека ОХР треба да биде затворен и дека Валентин Инцко треба да биде последен висок претставник.

Новиот висок претставник треба да биде назначен од Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот (ПИК), составен од највлијателните западни земји, но исто така и Русија и Турција.

Членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, исто така, рече дека е убеден дека Шмит ќе биде назначен за нов висок претставник, без оглед на дискусиите за улогата и иднината на ОХР и дека ќе има можност за поинтензивно спроведување на својот мандат.

„Новиот висок претставник доаѓа од Германија, таа е клучна земја на ЕУ, светска сила. Ние немаше да добиеме таква најава ако не постојат сериозни подготовки“, рече Џаферовиќ за ФТВ.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина