Шмит: Изборите во БиХ ќе се оддржат есенва, со или без договор за новиот изборен закон

Од:

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит, денеска во Неум најави дека изборите во оваа земја ќе се одржат есенва, без оглед на исходот од преговорите за измените на изборниот закон, што се уште се во тек.

Додека лидерите на клучните политички партии во БиХ денеска се собраа во Неум за да се обидат да постигнат договор за промените на изборниот закон и Уставот на БиХ, со помош на европските и американските посредници, Шмит издаде соопштение во кое ги поздрави разговорите и повика на договор.

Тој нагласи дека изборите ќе бидат без разлика дали партиските лидери ќе постигнат некаков резултат.

„Постои валиден изборен закон што прецизно ги регулира изборите. Во случај да нема промена на изборниот закон, изборите ќе се одржат есента 2022 година, во согласност со одредбите на постојниот закон. За тоа нема преговори. Демократијата функционира според однапред одредени правила, и тие особено не смеат да станат предмет на политички маневрирање. Слободни, еднакви и фер избори се јадрото на демократијата“, се наведува во соопштението на Шмит.

Тој со тоа потврди дека меѓународната заедница е единствена во ставот дека изборите мора да се одржат и дека бојкотот што го најавуваат некои партии нема да се толерира доколку не се смени изборниот закон.

Лидерот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ, претходно потврди дека партијата размислува за бојкот на изборите планирани за октомври, доколку не се постигне договор за нови изборни правила што ќе гарантираат избор на легитимни претставници на трите конститутивни народи.

Подготвеност да им се приклучи на ХДЗ во можниот бојкот најави и Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ и истовремено лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), партијата која сега е на власт во Република Српска и дел од владејачката коалиција на државно ниво.

Евентуалниот договор за измени на изборните правила во БиХ треба да биде усвоен во правна форма во парламентот на БиХ најдоцна до крајот на април, бидејќи Централната изборна комисија (ЦИК) сигурно ќе распише избори на почетокот на мај, кои ќе се одржат на првата недела во октомври.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина