Шест лица починаа од вирусот Западен Нил во Србија

Од:

Од вирусот Западен Нил во Србија починаа шест лица, а кај 44 лица лабораториски е дијагностициран вирусот, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Србија „Батут“.

Починатите лица биле на возраст меѓу 68 и 81 година и имале хронични заболувања. Двајца од починатите живееле на територија на Јужнобанатскиот округ, а четворица биле од Белград. Никој од нив не патувал надвор од земјата во периодот на инкубација (три до четиринаесет дена).

Од друга страна, заболените се на возраст од 17 до 82 години, но од 80 отсто од нив постари од 50 години имаат некои хронични заболувања, односно спаѓаат во категорија со зголемен ризик од потежок облик на болеста. Заболените лица се од територијата на Јужнобанатскиот, Севернобанатскиот, Сремскиот округ и Белград.

Инфекцијата со вирусот Западен Нил оваа година официјално првпат е регистриран во Србија меѓу луѓето.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне

Во Србија запленета голема количина на дрога