Шешељ: Србија треба да се откаже од ЕУ и да се сврти кон Русија

Од:

Три дена откако времено беше ослободен од Хашкиот трибунал поради здравствени причини, лидерот на српските радикали Воислав Шешељ изјави пред околу 10.000 приврзаници дека Србија треба да се откаже од интеграцијата во ЕУ и целосно да се сврти кон Русија.

На митинг во Белград на неговата Српска радикална партија, која не е претставена во Парламентот, Шешељ исто така вети предвремени избори идната година во Србија.

Според него, Србија, која во моментот се обидува да балансира меѓу стремежот кон членство во ЕУ и одржувањето на блиски односи со Русија, „треба да покаже дека е за Русија“.

Шешељ е обвинет за воени злосторства во Хрватска, БиХ и Војводина во периодот од 1991 до 1993.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он