Доколку дојдам во Србија нема да се посветам на лекување туку сите свои сили ќе ги насочам кон одмазда, им порача Воислав Шешељ на српските дипломати во Хашкиот трибунал.
Како што пренесе српски „Блиц“ тоа е начинот на кој реагирал лидерот на СРС, кога ја слушнал информацијата дека би можел да биде пуштен на привремена слобода.
Покрај заканата тој рекол дека нема да прифати ничија гаранција, ниту какви било условувања и единствено што го интересира е трибуналот да го ослободи.
Инаку привременото собрание на Хашкиот трибунал синоќа донесе одлука Шешељ да биде пуштен на привремена слобода.
Владата на Србија повторно даде условна гаранција за негово провремено ослободување, со што одговори на итното барање на трибуналот.
– Владата е одготвена да пружи гаранција за негово привремено ослободување, под услов обвинетиот Воислав Шешељ да се изјасни дека ќе ги почитува условите кои ќе ги одреди судското собрание на Хашкиот трибунал, имајќи во предвид дека досега ги отфрлаше- изјави потпретседателот на владата и претседател на Националниот совет за соработка со Хаг, Расим Љајиќ.
Ослободувањето на Шешељ на привремена слобода го образложи со влошување на неговата здравствена состојба, за што минатата недела зборуваа српските лекари кои го посетија во трибуналот.
Меѓутоа за разлика од минатиот пат, кога Хаг во девет точки децидно наведе што се Шешељ не смее да прави додека е во Србија, овој пат од владата се бара гаранција тој да не контактира со потенцијалните сведоци и дека ќе се врати во Хаг, кога трибуналот ќе го повика.
Неговиот син Александар рече дека неговиот татко се уште официјално не добил понуда за пуштање на привремена слобода.
Според зборовите на Александар, Шешељ се уште верува дека се работи за уште една игра на трибуналот и дека во јавно наведената понуда не се наведени сите услови, кои би можело да му бидат понудени и дека никогаш нема да прифати да биде во домашен притвор.
Тој истакна дека Шешељ „не барал и нема да ги прифати гаранциите кои ги дава прозападно предавничката влада во Белград“.
Е. Г.