Шефот на косовската дипломатија во посета на Турција

Од:

Потпретседателот на косовската вада и шеф на дипломатијата Хашим Тачи престојува во посета на Република Турција.

Вчера, доцна попладне , на првиот ден од посетата, Тачи се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган или како што на својот профил на Фејсбук напиша Тачи, со големиот пријател на Косово.

На средбата добил ветување дека Турција ќе помогне во нови признавања на независноста на Косово и зголемување на турските инвестиции, објавуваат денеска албанските медиуми.

– Во првиот ден од посетата на Турција имав срдечна средба со претседателот Реџеп Ердоган, кој е еден од најголемите пријатели на Косово. Тој посебно внимание посвети на процесот на признавање и зачленување на Косово во ООН и други меѓународни организации, најавувајќи дека Турција ќе продолжи да игра активна улога во тој правец, пишува Тачи.

Според него, на средбата се задржале и околу турските инвестиции во Косово, при што Ердоган ветил дека ќе  придонесе да се зголемат  турските инвестиции во Косово и нивото на трговската размена.

Тачи изјавил дека турските бизнисмени се добредојдени во неговата земја и оти ќе се ангажира да се создадат што поповолни услови за привлекување на инвестиции.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица