Шефот на германската дипломатија Хајко Мас најави посета на Белград и Приштина

Од:

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска оцени дека има напредок во продолжување на Дијалогот Белград – Приштина и најави дека ќе ги посети Србија и Косово.

– Jасно ми е дека морам да ги посетам Србија и Косово и да испратам силен сигнал дека Дијалогот за нас е приоритет, изјави Мас, претставувајќи гi приоритетите на германското претседавање со Советот на Европска Унија пред Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент во Брисел.

Tој додаде дека неодамна во Берлин се сретна со специјалниот претставник на ЕУ за Дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, при што истакнал дека Германија останува посветена на Дијалогот и најави ангажман на ЕУ во разговорите.

– Станува збор за земји кои сакаат европска иднина и не би требало да дозволиме да побегнат од нас, а знаме дека други имаат интерес да влијаат врз тој регион, предупреди Мас.

Tој додаде дека покрај „тешката и комплексна“ ситуација, регионот сега е погоден и од нов бран на пандемијата со Ковид-19. Мас истакна дека Германија ќе се труди до крајот на своето претседавање со ЕУ, до крајот на годината да ги отвори пристапните преговори со С.Македонија, но изрази сомневање дека е истото можно и со Албанија.

Би можело да ве интересира

Мицотакис во Атина го прими Мас, разговараа за тензиите со Турција

Жарко Настоски

Германија поддржува почеток на преговорите на Македонија со ЕУ до крајот на годинава

Жарко Настоски

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во карантин откако се заразил еден од неговите телохранители

Горјан Грнчаровски

Белград и Приштина итно да го продолжат дијалогот, повикаа Германија и Франција

А1он

Разговор Мас-Логар: Самитот на ЕУ со земјите од Западен Балкан е многу важен

А1он

Хајко Мас ја осуди Венецуела за протерувањето на германскиот амбасадор