А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мас: Тоа е билатерално прашање, решението мора да го најдат Македонија и Бугарија

by А1он09/11/2020 - 14:4609/11/2020 - 15:32551
Share0

Германското претседателство со Европската унија се надева дека Северна Македонија и Бугарија ќе пронајдат заеднички јазик за нивниот спор и оти во тој процес ќе бидат земени предвид барањата на двете страни, порача денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, на заедничката прес-конференција со неговите колеги од Скопје и Софија, Бујар Османи и Екатерина Захариева.

Следете a1on на Instagram Instagram

Мас по состанокот на министрите за надворешни работи од Берлинскиот процес за Западен Балкан, во рамки на копретседавањето со процесот од страна на Северна Македонија и Бугарија, одговорајќи на новинарско прашање во врска со спорот меѓу двете земји, но и прашан како гледа на тоа дека наместо недоразбирањата да се решаваат во македонско-бугарската мешовита комисија, се прави обид за решавање преку европски дипломатски претставници, рече дека тие како германско претседателство со ЕУ, разговараат и со македонската страна, но и со Бугарија како земја-членка.

Нагласи дека во тие разговори се земаат предвид забелешките на двете страни. Но, потенцира дека станува збор за билатерално прашање и оти решението мора да го најдат засегнатите земји.

-Во смисла на продолжување на процесот за интегрирање на Северна Македонија и Албанија во ЕУ морам да забележам дека кандидатот не треба да има нерешени прашања од каков било вид, било да се политички прашања или некакви историски настани во регионот. Таа земја ќе мора да разговара со земјата-членка со која има проблем и ќе мора да најдат решение. Формирањето на Мешовитата македонско-бугарска комисија на историчари имаше задача да го реши тоа и се надевам дека ќе биде најдено решение на ова билатерално прашања, бидејќи колку подолго овие проблеми опстојуваат ќе биде тешко да се организира процесот на проширување и Меѓувладината конференција, нагласи Маас.

Следете a1on на Youtube YouTube

Германскиот министер не даде конкретен одговор на прашањето дали со овие нови случувања на релација Скопје-Софија, со кои всушност се оневозможува непреченото интегрирање на Северна Македонија во ЕУ, доколку не одговори на бугарските барања да признае дека корените на македонската нација и јазикот се бугарски се менуваат фудамените на ЕУ. Не одговори ниту дали со овие нови процеси се отвора и процес на ревидирање на европските вредности во однос на човековите слободи и права, разноликоста и толеранцијата, но напомена дека во Советот на ЕУ напорно работат за да се овозможи следниот чекор на проширувањето.

-Работиме многу напорно во Советот за да го овозможиме следниот чекор во проширувањето да биде реализиран наскоро. И сето ова функционира согласно начелата на ЕУ. Унијата има 27 земји-членки, а една од нив е Бугарија. И затоа треба да има разбирање со Бугарија. Интересот на Бугарија мора да се земе предвид, за жал таков е случајот, кога една земја се приклучува кон ЕУ преговарачката рамка за неа треба да биде одобрена од сите земји-членки, рече Мас.

Изрази надеж дека ќе се најде решение за билатералните проблеми кои постојат меѓу Бугарија и Северна Македонија, но додаде дека овие прашања можат да бидат решени само од страна на двете земји.

-Ова е еден предуслов за одржување на Меѓувладината конференција и ќе продлжиме напорно да работите, согласно барањата на двете страни да дадеме придонес во тоа. Ние го правиме тоа во рамки на ЕУ, во рамки на нашето претседателство, но не можеме да носиме одлуки кои се однесуваат на билатерални прашања и во овој случај зависиме од она она што ќе го договорат Бугарија и Северна Македонија, додаде Маас.

bugarija dogovoreuhajko mas

Би можело да ве интересира

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:21

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски05/09/2026 - 09:5705/09/2026 - 18:36

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Горан Наумовски03/09/2026 - 10:18

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

Горан Наумовски03/09/2026 - 06:53

„Фајненшл тајмс“: Европската комисија размислува за распаѓање на дипломатската служба на ЕУ

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:06

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Горан Наумовски29/08/2026 - 22:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео