Шефот на ЕУЛЕКС соопшти: Ја следиме ситуацијата, не знаеме каде е Дејан Пантиќ

Од:

Шефот на ЕУЛЕКС, Ларс Гунар Вигемарк изјави дека мисијата на ЕУ има контрадикторни информации за уапсениот Дејан Пантиќ и дека се уште не знаат каде се наоѓа.

„Имам контрадикторни информации. Имам информации дека примал терапија. Ја истражуваме оваа ситуација. Лековите и ги доставивме на косовската полиција во Лепосавиќ и баравме да му биде доставен на господинот Пантиќ, кој е притворен. Но локација не можам официјално да ја потврдам, бидејќи не знам каде е. Ни кажаа дека лекарствата се испорачани. Но, има контрадикторни изјави од некои извори“, рече Вигемарк.

Како што рече, сега се проверува се, а во Лепосавиќ планираат да испратат полициска единица и полициски советник.

„Многу е важно господинот Пантиќ да се третира според сите соодветни стандарди, да се наоѓа во соодветниот притвор, бидејќи не сум сигурен на која локација е физички приведен, дали таа локација е соодветна според косовските закони, дали му се почитуваат правата, дали видел адвокат, дали е во контакт со семејството. Исто така мора да соработува во давање изјава, мора да биде свесен за обвиненијата. Разбирам дека е сослушан преку видео врска и даден е 30 притвор. Ве молиме бидете уверени дека внимателно го следиме овој случај“, додаде Вигемарк.

Би можело да ве интересира

ЕУЛЕКС: Загрижувачко присуство на вооружени лица на барикадите во северно Косово

По силниот притисок од Србија и четиридневната агонија се согласи ЕУЛЕКС: Пантиќ ќе ги добие неопходните лекови

А1он

Еулекс: Извидничка патрола нападната со шок-бомба кај Рудар

ЕУЛЕКС: Ќе се ангажираме само по барање на косовската полиција

Ана Ололовска

Уапсен претседателот на ветеранската организација на ОВК, Хисни Гуцати

Ана Ололовска

Ветераните на ОВК му порачаа на ЕУЛЕКС дека ќе му одговорат „исто како на Југославија“

Ана Ололовска