Шефот на американската дипломатија го спореди Додик со Путин

Од:

Американскиот шеф на дипломатијата Антони Блинкен на Твитер го спореди претседателот на Република Српска и лидер на босанските Срби Милорад Додик со рускиот претседател Владимир Путин. Блинкен му порача на Додик дека го започнал истиот пат на авторитарно владеење на кој Путин е одамна.

Шефот на американската дипломатија твитна директна порака до Додик откако, по негова наредба, Република Српска минатата недела одлучи сите владини претставници на босанските Срби да го прекинат контактот со американската и британската амбасада во Босна и Херцеговина. Додик тврди дека амбасадите се мешаат во внатрешните работи на земјата.

Исто така, минатата недела тој ги нарече Британците „негативци“ поради најавата за испраќање оружје со осиромашен ураниум во Украина.

Потоа Додик понуди дополнително толкување дека одлуката се однесува само на амбасадори акредитирани во Босна и Херцеговина, но не и на САД и Велика Британија. Претседателот на Република Српска тврди дека е заинтересиран за продолжување на соработката со овие земји.

Блинкен му одговори на Додик со порака дека Мајкл Марфи, американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, е личноста која ја спроведува политиката на Вашингтон и делува во интерес на просперитетната и демократска иднина на сите луѓе во Босна и Херцеговина. Тој го обвини Додик дека е одговорен за загрозување на основните права и слободи на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство

За Додик пресудата на Ле Пен е злоупотреба на судството за политички цели

А1он

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски