Сериозна ситуацијата со пожарот на грчкиот остров Евија, жителите се евакуираат со бродови

Од:

Сериозна и драматична е ситуацијата со пожарот во северниот дел на грчкиот остров Евија, каде што огнената стихија е надвор од контрола, горат куќи, а жителите се евакуираат со бродови.

Попладнево пожарот стигна до селата Пефки и Гувес каде што пожарникарите и локалното население со сите средства што ги имаат на располагање: црева со вода, кофи и слично, се обидуваат да ги запрат огнените јазици пред да стигнат до домовите.

Паралелно, жителите преку море, со фериботи од плажата во Пефки се евакуираат од пожарот.

Од крајбрежната служба на Грција континуирано вршат контроли на плажите во северниот дел на островот и досега спасиле 23 лица, кои се пренесени на плажата во Пефки каде што се префрлаат сите спасени жители и туристи, но и животни.

Стотици грчки пожарникари заедно со нивни колеги од над 20 земји кои испратија помош се борат со огнените стихии во Грција.

Преку механизмот на ЕУ, помош за земјата испратија Кипар, Франција, Хрватска, Шведска, Романија, Шпанија, Чешка, Германија, Полска, Словачка, Австрија, како и ЕК, додека пак на билатерално ниво, помош за Грција стигна од Украина, Израел, Швајцарија, Египет, Велика Британија, Кувајт, Катар, Молдавија, Обединетите Арапски Емирати и Србија.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас претпладнево рече дека пожарот на Евија се гаси со 17 воздушни средства, а ветерот, чадот и намалената видливост ја отежнуваат работата на пилотите.

Тој објасни дека за гасење на пожарот од воздух потребно е да бидат исполнети три услови: како да стигнат до пожарот, како да интервенираат и како да се вратат назад.

Би можело да ве интересира

Во Грција денеска избувнал 71 пожар

Горан Наумовски

ВИДЕО: Речиси 600 пожарникари го гаснат пожарот во Еврос кој гори веќе 14 дена

ВИДЕО: Пожарите во Грција и натаму беснеат, наредена евакуација

(ВИДЕО) Пекол во Грција: Во еден ден избија 60 пожари, огнот однесе најмалку 20 жртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Гори на Скијатос, пожар и кај Атина

Катерина Ѓуровски

По две недели пожарите во Грција стивнуваат

Катерина Ѓуровски