Семејствата на убиените деца од „Рибникар“ го тужат училиштето

Од:

Членовите на семејствата на убиените деца во основното училиште „Владислав Рибникар“, покрај тужбата против момчето убиец и неговиот татко и мајка кои бараат надомест на нематеријална штета, поднесоа тужба и против училиштето во кое се случи невидениот масакр, пишува „Блиц“.

Според информациите, тие го тужат училиштето за нематеријална штета, бидејќи нивните деца биле доверени на училиштето, тие биле во таа институција во моментот на пукањето и биле убиени.

Едно од семејствата ја тужи и државата Србија.

– Во тоа барање е наведено дека државата е основач на училиштето во кое се убиени децата – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.

Како што претходно пишуваше „Блиц“, семејствата предложија на мајката и таткото на момчето убиец да им се нареди привремени мерки за забрана на располагање со имот и пари. Најпрвин четворица членови на едно семејство поднесоа тужба против мајката на момчето и бараат отштета од околу 300.000 евра.

Набргу потоа, уште 27 членови на семејствата на убиените поднесоа приватна тужба. Обвинети се момчето убиец (14), неговата мајка и татко.

– Тужбата е поднесена за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв – вели изворот на „Блиц“.

Би можело да ве интересира

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар