Селаковиќ во Лондон: Афирмирање на иницијативата Отворен Балкан

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ изјави дека денешната средба на шефовите на дипломатиите на Западен Балкан со државниот секретар за надворешни работи на Владата на Обединетото Кралство Елизабет Трас во Лондон била одлична можност за размена на мислења и претставување на позициите на Република Србија за прашања од значај за нашиот регион.

Според неговите зборови, средбата во Лондон била можност да се афирмира идејата за регионалната економска интеграција „Отворен Балкан“, и дека во таа насока за првпат настапувал заедно со министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Албанија, соопштија од српското МНР.

-Убедени сме дека ваквиот настап и давањето на големо внимание на Отворен Балкан ќе биде една голема шанса за иднината на нашиот регион, нагласи министерот Селаковиќ.

Покрај пленарниот состанок, со кој претседаваше и чиј домаќин беше државниот секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство Елизабет Трас, а со која имаше билатерална средба, шефот на српската дипломатија во Лондон се сретна и со претставникот на Стејт департментот за Западен Балкан и заменик-помошник на американскиот државен секретар, Габриел Ескобар, специјален пратеник на британскиот премиер за Западен Балкан Стјуарт Пич и со Мартин Викерс специјален пратеник на британскиот премиер за трговија и економски прашања. Тој се сретна и со министерката за европско соседство и Америка во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Венди Мортон.

Шефот на српската дипломатија ја пренесе и отворената покана на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за посета на премиерот Борис Џонсон и потсети дека повеќе од 41 година британски премиер не го посетил Белград.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја