Секој петти жител на БиХ ги оправдува нападите врз новинари

Од:

Секој петти жител на Босна и Херцеговина смета дека усниот или физички напад врз новинарите е оправдан, покажува истражувањето на јавното мнение за медиумската слобода во БиХ, за квлаитетот на новинарството и тенденциите во медиумската заедница, пренесоа босанскохерцеговските медиуми.

Истражувањето е спроведено од Здружението на босански новинари и Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Директорката на Фондацијата посочи на недостиг од правни норми, што ќе ги заштитуваат новинарите од напади и додаде дека многу луѓе во целина се задоволни од работата на новинарите, но повеќето граѓани сакаат поголем акцент да се стави на социјалните и економските теми, а помал на политичките.

Повеќето од анкетираните или 86,1 отсто сметаат дека има малку или никаква медиумска слобода и дека медиумите од едниот ентитет на Босна и Херцеговина се незадоволни од работата на медиумите во другиот ентитет. Босна и Херцеговина е составена од два дела – Хрватско-муслиманска федерација и Република Српска.

Триесет и четири проценти од анкетираните сметаат дека медиумите придонесуваат за засилување на напрегнатоста на национален, политички и религиозен план.

Над 80 проценти, меѓутоа, се на мислење дека медиумите се најпрофесионалната институција во Босна и Херцеговина и најмногу им веруваат, како и дека граѓаните ги разпознаваат сите видови притисок врз новинарите.

Телевизијата е највлијателниот медиум, но 34 проценти го посочуваат Интернетот како многу суштествен извор на информации што придонел за плурализмот во мислењата, иако количеството информации не е следено и од квалитет, забележуваат медиумите во БиХ.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина