Секогаш сме биле конструктивни со Скопје, му кажа привремениот бугарски премиер на грчкиот амбасадор во Софија

Од:

Бугарија секогаш покажувала искрена волја и напори за конструктивен и прагматичен дијалог со Република Северна Македонија и ќе продолжи во оваа насока, изјави денеска бугарскиот премиер Стефан Јанев за време на средбата со грчкиот амбасадор во Софија, Димитрис Хронопулос.

Според бугарската агенција БГНЕС, грчкиот амбасадор изразил разбирање за бугарската позиција.

За време на средбата било нагласено дека двете земји се стратешки партнери и се разговарало за начините за продлабочување на стратешките односи преку интензивен политички дијалог и усогласени напори за билатерални, регионални и меѓународни прашања, соопшти бугарската владина прес-служба.

Хронопулос изразил целосна политичка поддршка на грчката влада за бугарската влада и истакнал дека двете земји се „дел од иста група во однос на интересите во регионот“.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Претседателот Румен Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов

Ана Ололовска