ВИДЕО: Трагедија во Хрватска, осум загинати, меѓу нив и 6-годишно дете

Од:

Во превртувањето на автобусот на автопатот Загреб-Сплит изутринава околу 4 часот погинаа осум државјани на Чешка, а меѓу нив и едно 6-годишно дете.

Јиндра Мала, конзул на Република Чешка во Ријека за време на туристиката сезона, за хрватските месиуми рече дека телата на погинатите се префрлени на патологија во Карловац. Според неа, меѓу погинатите е и еден од возачите, но уште не се знае дали тој што го управувал автобусот или тој што спиел.

Сите Чеси се од околината на Брно, а патуваа на летовање во околината на Башка Вода каде што требаше да останат десет дена.

Чешките портали пренесуваат дека најверојатно возачот заспал и со тоа ја предизвикал страотната несреќа. Во автобусот имало 50 патници.

Би можело да ве интересира

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он

Четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Куманово

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Две сообраќајки во Автокоманда, оштетени се пет возила

Горан Наумовски

Во близина на Битола, „поло“ излета од патот, тешко повреден е возачот

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании