Матеј Периш и неговто друшто конзумирале дрога објаснува денеска претседателот на полицискиот синдикат на Србија, Вељко Мијаиловиќ кој дава нови детали за исчезнувањето на 27-годишнит Хрват.
– Можете да замислите како тоа влијаело на нивните тела. Алкохол плус наркотици. Матеј станал од масата околу 1:40 часот и нагло излегол. Неговите пријатели забележале дека го нема речиси еден час подоцна. Пријавиле дека го нема следниот ден попладне“, открива Мијаиловиќ.
Тој нагласува дека полицијата уште од старт добила оскудни информации од нив.
– Не спомнаа наркотици, затоа што го познаваат и го сакаат таткото на Матеј, а тој не знаел дека неговиот син се дрогира, но траги најдовме во комбето со кое дошле од Хрватска, како и во сместување во Белград, вели Мијаиловиќ кој потенцира дека полицијата совесно си ја врши работата и дека може само да се надеваат дека младиот човек ќе биде пронајден жив.
Денеска со официјално соопштение се огласи Јавното обвинителство во Белград.
„Министерството за внатрешни работи на Србија и Вишото јавно обвинистелство од Белград единствени даваат и ќе даваат официјални информации за потрагата за исчезнатиот државјанин на Хрватска, Матеј Периш. Сите други информации кои се појавуваат во медиумите не се официјални и не се потврдени. Обвинителството во соработка со полицијата активно учествува и ја насочува потрагата по исчезнатото момче“ – велат од Обвинителството.
Како дел од истрагата издадена е наредба за земање снимки од безбедносни камери како и наредба за вештачење на ДНК профилот од местот каде што момчето е последен пат видено. Се преземаат и други неопходни мерки за да биде расветлен случајот додаваат од Обвинителството.