Седиштето на Специјалниот суд за злосторствата на ОВК ќе биде во Хаг

Од:

Седиштето на Специјалниот суд за злосторствата на на Ослободителната војска на Косово (ОВК) ќе биде во Хаг, соопшти британското Министерство за надворешни работи, пренесува Фена.

– Парламентот на Косово изгласа закони за формирање на специјален суд за истрага за воените злосторства направени во 1999 година, а Косово се согласи Специјалниот суд да биде во Хаг, изјави британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингстон, додавајќи дека средствата за Судот ќе бидат обезбедени од Европска унија.

Косовскиот Парламент синоќа ги усвои уставните измени со кои се овозможува формирање на меѓународен суд за злосторствата на ОВК.

САД и Европската унија кои имаа главна улога во процесот на убедување на косовските лидери да го прифатат формирањето на Судот, ја поздравија одлуката на Парламентот.

Формирањето на судот наиде на жесток отпор кај ветераните на ОВК, неколку пратеници на Демократската партија на Косово на Хашим Тачи, како и кај опзоцијата. Ветераните на ОВК се заканија дека „секој кој ќе гласа за Судот ќе го сметаат за предавник“.

Предлог-законот за правна и финансиска помош за потенцијалните обвинети од Специјалниот суд не беше поддржан од пратениците на Српската листа со образложени дека тоа не е праведно кон жртвите.

Судот ќе процесира злосторства на припадниците на ОВК врз основа на истрагата која го водеше специјален тим на истражителот Клинт Вилијамсон, како и според извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски