Се враќа сифилисот во Албанија

Од:

Албанските здравствени работници се во алармантна состојба, откако во Тирана случајно се откриени девет случаи на сифилис, болест која се смета дека била целосно искоренета во 1972 година.

Постои страв дека бројот е многу поголем бидејќи надлежните признаваат дека деветте случаи биле дијагностицирани случајно од Националниот центар за крв, пишува весникот „Шекули“.

Запрашан во врска со повторната појава на оваа заразна болест, епидемиологот од Управата за јавно здравје во Тирана, Халил Стана потврдил дека дијагностицирани се девет случаи на сифилис и 19 нови случаи со ХИВ/СИДА.

Заразените се релативно млади лица. Уште поалармантен е фактот што тие се откриени случајно, зашто заразените ги „предала“ анализата кога отишле да даруваат крв. Доколку се направи поширока акција за анализа бројот сигурно ќе биде многу поголем, изјавил Стана.

Причините на повторната појава, според епидемиолозите е поради сексулани односи со повеќе партнери без употреба на заштитни средства. Освен тоа анализите потврдиле дека 211 крводарители се заразени од хепатит Б и 42 со хепатит Ц. Албанија е земја со највисоки бројки на заразени со вирус на хепатит Б во Европа.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски