Воен авион денеска се урна во Хрватска кај Ломница, но за среќа пилотот ја преживеал несреќата.
Како што пишува „Јутарњи лист“ се работи за авионот МИГ-21 на хрватската војска, кој летал од Задар кон Загреб, а истиот пред 12 години бил на ремонт во Романија. Се уште не се познати повеќе детали за несреќата, а противпожарните екипи веќе се на терен.
Е. Г.