Се огласи таткото на Матеј Периш: Бев на разговор во полиција, добро би било да почне да се пребарува речното корито

Од:

Истрагата продолжува, а полициски патроли синоќа ја пребаруваа реката Сава во обид да го пронајдат исчезнатиот Матеј Периш од Сплит.

– Синоќа разговарав со полицијата и апсолутно сум задоволен од нивниот ангажман и професионален пристап, а во разговорот со нив почувствував хумана нота. Како што ми кажаа, во текот на денот немале нови сознанија во врска со информациите од вчера. Познато е дека во истрагата се следат различни патишта и потоа се елиминираат некои информации, изјави Ненад Периш за хрватскиот портал 24сата.

– Верувам во МВР на Србија, тие се професионалци, силно се ангажирани и верувам дека ќе се дојде до решение. Како татко кој го чека синот, свесен сум дека информациите што ги имаат треба да се испитаат и елиминираат. Ако имаат информации што го водат до реката, претпоставувам дека би било добро да се започне со пребарување на коритото. Не велам дека досега не е направено, но верувам дека има некои технички средства со кои исто така може да се направи, изјави таткото на исчезнатиот Матеј.

Исчезнувањето на младиот маж од Сплит веќе петти ден е една од главните теми во регионот. Во Белград е и таткото на Матеј, кој изјави дека на снимките од градот го препознал синот, но демантираше дека е на краткото видео на кое се гледа како некој плива во Сава.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски