Се огласи таткото на претепаниот Дедо Мраз: Го тепале за кондоми и бонбони

Од:

Припадниците на хрватската полиција се уште работат на расветлување на околностите околу претепувањето на младиот човек облечен како Дедо Мраз пред неколку дена во Славонски Брод, а претепаниот човек за ХРТ ја открил позадината на инцидентот.

Уапсени се неколку лица, меѓу кои и припадник на хрватската армија. Младиот човек, кој бил облечен како Дедо Мраз, се здобил со сериозни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен дома.

Таткото на претепаниот „Дедо Мраз“ во изјава за ХРТ рече дека веќе нема сила да го гледа ова брутално видео и дека останува без зборови.

„Не можам да спијам како родител, плачам, жена ми плаче. Жал ми е за се што се случи и не знам што друго да кажам“, изјави Златко Ереиз.

Таткото на претепаниот млад човек откри дека „проблемот“ настанал од шега и без желба неговиот син некого да навреди.

За учтивост, на девојчињата им подари бонбони, на момчињата кондоми, на шега“, посочува Златко Ереиз.

Самиот Кристијан зборуваше за се, жалејќи се што се случи во саботата попладне.

„Жал ми е за се што се случи и не знам што друго да кажам. Не би сакал да се повтори. Навистина не се чувствувам најдобро и тоа е тоа“, додава Кристијан Ереиз.

Полицијата води интензивна криминалистичка истрага против неколку мажи, а фокусот е на 24-годишен војник.

Наводно, се работи за лице кое и претходно правело слични инциденти. Неофицијално, војникот пред две години веќе одговарал кривично за нанесување телесни повреди и закана со смрт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски