Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Од:

Се чувствував отфрлен и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа, но не бев до крај сигурен дека ќе пукам, изјавило момчето убиец во сведочењето во процесот против неговите родители.

Момчето убиец Коста Кецмановиќ денеска во судница првпат одговори на прашањето кое година ипол ги мачи родителите на убиените деца, а тоа е зошто ги убил своите врсници.

– Се чувствував отфрлен и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа, но не бев до крај сигурен дека ќе пукам – изјавил Коста Кецмановиќ.

Српските медиуми известуваат за напнатото прво рочиште каде момчето убиец се јавува како специјален сведок во случајот против неговите родители. Тој утринава под посебни мерки беше донесен во судницата, а сведочи под затемнето непробојно стакло во самата просторија.

Според срспки Мондо, дел од родителите на жртвите на кратко излегле од судницата, но откако си дошле на себе се вратиле да продолжат да го следат рочиштето.

Коста К. се согласи да одговара на прашања, а родителите на жртвите веќе подготвиле повеќе од 250 прашања во случај тој да се согласи да сведочи.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Горан Наумовски

Му рекол на синот дека е психопат, а го носел на стрелиште – детално образложение за пресудата против семејството Кецмановиќ

А1он

Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор

А1он

Пресуда за родителите на момчето убиец од Србија – се бара максимална казна

А1он

Таткото на девојчето убиено од Коста: „Родителите едноставно го учеле да убива“

Предраг Петровиќ

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители