Се чека одлука на Српската народна банка за одложување на плаќањето на кредитите за три месеци

Од:

Народната банка на Србија (НБС) на чело со гувернерката Јоргованка Табаковиќ денеска ќе ги објави конкретните мерки во врска со одложување на плаќањето кредити.

Централната банка во текот на денов ќе ги соопшти сите детали и ќе одговори на прашања во врска со тоа на кого ќе се однесуваат мерките и што конкретно ќе подразбираат.

Повеќе од милион граѓани на Србија, колку што имаат станбени, потрошувачки и кеш кредити во банките, ги чекаат деталите за одлуката за одложување на наплатата на месечните рати, кои како можна мерка ги најави и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Претседателот на Србија рече дека ќе побара од комерцијалните банки мораториум, односно одложување на отплата на кредитите на три месеци, а министерот за финансии Синиша Мали утрово изрази очекување дека Народната банка на Србија ќе излезе со мораториум за отплата на заемите. Според него, овие мерки треба да важат и за правни и за физички лица.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он