Сатлер: Има шанса БиХ да добие кандидатски статус за ЕУ, Украина и во војна напредува со реформи

Од:

Специјалниот претставник на ЕУ во БиХ, Јохан Сатлер, изјави денеска во Бања Лука дека БиХ има шанса да добие кандидатски статус за членство во ЕУ, но дека одговорните мора да преземат „одредени чекори“ за европските политичари да ги сметаат барањата на БиХ за покредибилни.

-Тоа би бил добар сигнал за луѓето во БиХ, но ние не сакаме да се гледа како награда за политичарите кои досега направиле малку, кажа Сатлер, пренесе Срна.

Тој ги повика политичарите во БиХ да го искористат времето пред изборите за да преземат одредени чекори, пред се да донесат закони поврзани со јавните набавки, конфликтот на интереси и Високиот судски и обвинителски совет, но и да се забавуваат со усвојувањето на буџетот за следната година.

Сатлер смета дека многу малку е направено во изминатиот период и посочи дека не се работи доволно за случаите на корупција и организиран криминал.

Тој потсети дека БиХ го поднела барањето пред седум години и дека оттогаш се исполнети многу малку услови, но и дека земји како Словенија, Хрватска и Австрија се залагаат за доделување статус на кандидати на БиХ.

Зборувајќи за Украина, Сатлер изјави дека кандидатскиот статус е едно, а членството во ЕУ е друго.

-На мое изненадување, среде војната, Украина усвои збир на закони за борба против корупцијата. Секако, треба да се види како ќе се спроведуваат законите, но она што е добар сигнал е дека ова е почеток на долг процес, рече Сатлер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина