Сараево: Заврши тридневната Конференција на началниците на генералштабовите на балканските земји

Од:

Четиринаесетата конференција на началниците на генералштабовите на балканските земји за воена соработка (Форум Б-9) официјално заврши денеска во Сараево, со серија неформални меѓусебни контакти.

Како што јави сараевскиот портал Кликс, тридневниот собир насочен кон зајакнување на балканската воена соработка и одговор на безбедносните предизвици во регионот резултираше со заедничка изјава, потпишана вчера од началниците на штабовите на девет земји-членки на Форумот Б-9.

Во заедничката изјава се оценува тековната соработка како многу успешна и значајна и се посочува дека во наредниот период форумот ќе се залага за понатамошно унапредување на соработката.

– Овој форум претстави исклучително важна иницијатива за зајакнување на мултинационалната воена соработка во регионот, потврдувајќи ја желбата за зајакнување на соработката меѓу вооружените сили на балканските земји и има за цел унапредување на регионалната стабилност и безбедност, како и зајакнување на веќе воспоставените и барање за нови механизми за соработка. Тоа ќе резултира со подобро безбедносно опкружување за сите наши земји, изјави главниот домаќин на конференцијата, началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на БиХ, генерал полковник Сенад Машовиќ.

Главната работна тема на конференцијата беше насловена – „Интеграција: соработка и партнерство – фактори на регионалната и глобалната стабилност и безбедност – перспективи, предизвици и одговор на Ковид-19“.

Членовите на Форумот Б-9 се: Албанија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Грција, Романија, Северна Македонија, Србија и Турција, потсетува Кликс.

Покрај претставници на земјите членки, високи претставници на Воениот комитет на НАТО, Воениот комитет на ЕУ, Командата на здружените сили во Неапол, Командата на вооружените сили на САД во Европа, како и претставници на земјите набљудувачи, односно највисоките претставници на хрватските вооружени сили и на Словенија.

Би можело да ве интересира

Босанец осуден на 17 години затвор за силување на три малолетни сестри, со чија мајка бил во врска

Жарко Настоски

ЕУ им ги продолжи мандатите на специјалните претставници за БиХ и Косово

Ана Ололовска

Жељко Комшиќ од утре ќе претседава со Претседателството на БиХ

Ана Ололовска

Палмер се надева дека Шмит ќе биде последниот висок претставник во БиХ

Ана Ололовска

Станишиќ и Симатовиќ осудени на по 12 години затвор во Хаг, не се виновни за повеќето дела

Жарко Настоски

Столтенберг, Борел, Вархеји – во еден глас ја поздравија хашката пресуда против Ратко Младиќ

Жарко Настоски