Сараево: Студентски протести во знак на поддршка на иницијативата за усвојување на Законот за ЕМБ

Од:

Студентскиот парламент при Универзитетот во Сараево ги повика сите студенти, млади и граѓани на Сараево на продолжување на протестите за поддршка на граѓанската иницијатива за усвојување на Законот за единствен матичен број (ЕМБ).

Собирот е закажан за денеска на пладне на плоштадот на Слободата од каде „мирно и достоинствено“ ќе се одржи протестен марш до Парламентит на Босна и Херцеговина, каде е предвидено да се приклучат и други демонстранти, пренесува Танјуг.

На патот кон Парламентот на БиХ студентите ќе поминат пред зградата на Владата на Кантонот Сараево (КС) каде ќе ги достават своите барања кои се во надлежност на Владата на КС во однос на стандардот на студентите, намалувањето на буџетот на Универзитетот на Сарево, како и најавеното зголемување на школарината.

protesti-studenti-bih1

Овој протест е продолжување на големите протест што беа одржани во петокот, кога над 1.000 лица формираа жив синџир околу Парламентот на БиХ, тврдејќи дека нема да дозволат ниту еден партеник да излезе од зградата додека не биде усвоен Законот за единствен матичен број.

Босанските законодавци од почетокот на годината не можат да се договорат за редоследот на нумерирање на регионите, поради што сите деца родени годинава се без матичен број.

Без ЕМБ новородените бебиња не можат да добијат пасош или медицински книшки, кои им се потребни да бидат прегледани на лекар.

Формален повод за минатонеделните протести е случајот со сериозно болно тримесечно бебе, што поради немањето матичен број не може да биде испратено на лекување во странство.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина