Самопрогласената мини држава Либерланд отвори претставништво во Белград

Од:

Самопрогласената мини држава Либерланд, што ја формираше Чехот Вит Једличка на „ничија земја“ меѓу Хрватска и Србија, денеска го отвори своето претставништво во Белград.

„Претседателот на Либерланд“, Једличка истакна дека целта на неговата „држава“ е да биде фактор за поврзување на народите и се надева дека претставништвото ќе привлече повеќе луѓе да дојдат во Србија и во Либерланд.

Једличка изрази задоволство што српското Министерство за надворешни работи има позитивно мислење за Либерланд од самиот почеток, за разлика од Хрватска.

– Хрватска мисли дека сме некаква шега, виц. Многу е забавно да создадеш нова држава, но ние не сме шега и ќе го докажеме тоа, изјави Једличка на прес-конференцијата по повод отворањето на претставништвото.

Тој рече дека голем број луѓе посакале да побараат државјанство во Либерланд.

Једличка на 13 април 2015 година прогласи создавање на „Слободна Република Либерланд”, која се наоѓа на остров на реката Дунав меѓу Србија и Хрватска со површина од седум километри квадратни.

Тој најави дека Либерланд е подготовен да им даде државјанство на секој, кој не се „комунист, неонацист, екстремист или осуден за тешки кривични дела“.

Би можело да ве интересира

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

Претепан српскиот министер Никола Селаковиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Студентите кои сакаат да учат се собраа пред српското Претседателството: Остануваат цела ноќ

(ВИДЕО) Тепачка пред белградското собрание: Приватно обезбедување се пресмета со граѓаните кои протестираа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозиционерите пееја химна, пратениците на власта гласаа без дискусија во белградското собрание

Катерина Ѓуровски

Лажна била дојавата за поставена бомба во српското Народно собрание