Самоопределување демонстративно ја напуштија седницата на Парламентот

Од:

Пратениците на двете најголеми опозициски партии во косовскиот Парламент, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Самоопределување, денеска ја напуштија собраниската седница во знак на протест поради, како што тврдат, намерата на Владата во управните органи на јавните компании да предлага и избира личности „политички лојални на владејачката коалиција предводена од Демократската партија на Косово (ПДК)“.

Кога на дневен ред да седницата дојде предлогот на Владата за избор на еден член на Управниот одбор на Централната банка на Косово и три члена на на Косовската агенција за приватизација, пратениците на ЛДК и Самоопределување се спротивставиле на оваа точка на дневен ред со образложение дека предложените кандидати за овие места се докажале со политичка лојалност на предлагачот, а не со професионална способност.

Владејачката ДПК инсистира на гласање за предлозите со образложение дека има мнозинство за изгласување на овие предлози, што се потврди и откако пратениците на ЛДК и Самоопределување ги напуштија пратеничките места.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина