Само во јули на албанското крабрежје престојувале 450 илјади туристи од Косово

Од:

Месец јули бележи рекордна бројка на косовски туристи на албанското крајбрежје, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според статистиката, во текот на овој месец во Албанија влегле над 450 илјади косовски државјани.

– Статистиката за месец јули говори за рекордни бројки на косовски граѓани кои одлучиле летниот омор да го минат на албанското крајбрежје. Споредено со истиот месец лани, бројот на косовските туристи е поголем за 150 илјади. Лани имало 300 илјади додека овој јули над 450 илјади. Во просек дневно во Албанија влегувале по околу 15 илјади косовски граѓани,-пренесува весникот „Газета експрес“.

Во претпоследниот викенд преку преминот Врмица-Морина, минале 20 илјади, а последниот викенд 30 илјади косовски државјани,кои немаат некои поголеми забелешки околу чекањето на граница и покрај големиот број патници и возила. Зголемена фрекфенција се очекува и во текот на овој месец.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе укине дел од рестриктивните мерки за патување во текот на летото

ВИДЕО: Силве и Тони ги гушнаа скопјани пред да тргнат на пат околу светот

Ана Ололовска

Хенли паспорт индекс: Македонците без виза можат да патуваат во 112 држави

Ана Ололовска

Турција безбедна дестинација за летување годинава

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Скопјанката Ивана Чолаковска тргна на пат околу светот

Ана Ололовска

Финците и следната година доаѓаат во Македонија