Само 10 илјади демонстранти вчера протестирале во Белград

Од:

Германските медиуми ја расчистија дилемата колку учесници имаше на вчерашниот протест на опозицијата, со оглед дека организаторот тврдеше дека има 35.000, додека власта тврдеше дека од цела Србија се собрале само 7800 луѓе.

„Шпигел“ наведува дека имало 10.000 луѓе, а австриската телевизија ОРФ, неколку илјади.

Националната германска агенција ДПА наведува дека имало 10.000 луѓе кои протестирале во Белград кои барале слобода на медиумите и фер услови за избори.

Во текстот е укажува дека иако организаторите мобилизирале луѓе од цела Србија, сепак бројот на улесниците останал под очекувањата.
И швајцарската агенција СДА објави дека имало 10.000 демонстранти со коментар дека тој број е под „очекувањата“.

Би можело да ве интересира

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Путин доаѓа во Белград

Јорданец се обидел да влезе во кокпитот на авион на Луфтханза, кој патувал за Белград

Емир Латифовиќ