Јорданец се обидел да влезе во кокпитот на авион на Луфтханза, кој патувал за Белград

Од:

Јордански државјанин со американски пасош се обидел да упадне во кокпитот на авион на „Луфтханза“, на лет од Франкфурт за Белград, но бил совладан од патниците и членовите на екипажот, јавуваат српските медиуми. 

Авионот безбедно слетал во Белград, а полицијата проблематичниот патник го префрлила во Полициската управа на Белград, каде тој е сослушан, пишува „Блиц“.

Драмата почнала на небото над Австрија, кога Јорданецот се заканил дека ќе ја отвори вратата на авионот. Тој најпрво тропал на вратата на кокпитот извикувајќи „Ќе ја отворам вратата на авионот!“.

Сепак дел од патниците успеале да го совладаат и авионот безбедно слетал во Белград во 12:45 часот.

По завршувањето на драмата, според првичните информации, екипажот на авионот, не ја пријавила вонредната ситуација до контролата на летот, туку авионот непречено слетал на белградскиот аеродром. 

По слетувањето полицијата влегла во авионот и го изнела проблематичниот патник. 
„Курир“ пишува дека станува збор за американски државјанин со име Лакен, кој има јорданско потекло, кој се обидел за време на летот да ја отвори вратата и да го урне авионот. 
Весникот додава дека во авионот меѓу останатите биле и играчите на ракометниот клуб „Војводина“.

– Лакен сакаше да ја отвори вратата и да предизвика хаос. Цело време зборуваше како да го загубил разумот и дека сака сите да одиме кај Алах. Ситуацијата беше тензична. Несреќата, за среќа беше спречена. Лакен беше ставен под контрола од играчите на ракометниот клуб „Војводина“ и авионот безбедно слета во Белград, изјави извор на „Курир“.

Би можело да ве интересира

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Само 10 илјади демонстранти вчера протестирале во Белград

Путин доаѓа во Белград