Самит на владите на Србија и Италија

Од:

Владите на Србија и Италија ќе одржат трета заедничка средба на која ќе бидат разгледани резултатите од досегашната билатерална соработка.

Меѓу другото ќе се разгледаат и идните чекори за подобрување на економските и политички односи.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ во интервју за италијанската агенција „АНСА“,рече дека во Анкона ќе се зборува за тоа што може да се направи во сферите на политиката, економијата, борбата против криминалот, како и во одбраната, правосудството, енергетиката, инфраструктурата и образованието.

По билатералните состаноци на министрите и пленарниот состанок, двете делегации ќе потпишат протоколи помеѓу Министерствата за внатрешни работи, Министерствата за надворешни работи и Министерствата за правда.

Се очекува и потпишување на меѓународен договор во областа на патниот сообраќај. Во првите седум месеци годинава, размената на производи помеѓу двете држави надмина две милијарди евра, а извозот на Србија за два пати е зголемен во однос н аминатата година, со што Италија стана нејзин најголем економски партнер.

На територијата на Србија во функција се повеќе од 500 италијански компании, во кои има околу 22.000 вработени.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија