Самит на Централноевропската иницијатива во Сараево

Од:

Премиерот на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ денеска го отвори годинешниот Самит на претсавници на владите на 18-те земји членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), пто се одржува во Сараево, јави ФЕНА.

Акцентот на средбата ќе биде ставен на прашањата околу безбедноста и стабилноста на Европа, кои мора да бидат сфатени сериозно и на кои треба да се работи организирано, упорно и координарано, истакна Звиздиќ на отворањето на Самитот.

На Самитот, кој го означува крајот на претседавањето на БиХ со ЦЕИ, учествуваат и делегации од Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Хрватска, Италија, Унгарија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија и Украина.

Звиздиќ меѓу другото, истакна и дека, како во светот, така и во Европа јазот меѓу Западот и Истокот само се продлабочува, што пак, предизвикува раселување на млади и образовани луѓе, но и раст на радикализмот, со што се загрозуваат некои од основните човечки вредности, како што се правдата и правичноста.

– Од тие причини, посилна соработка меѓу европскиот Исток и Запад може да помогне во намалувањето на тој јаз и во стимулирање на развојот во цела Европа, нагласи Звиздиќ.

ЦЕИ е основана во 1989, како прв регионален форум за соработка во централна и југоисточна Европа.

Во декември минатата година, БиХ го презеде претседавањето со ЦЕИ од Македонија.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина