Грчкиот премиер Андонис Самарас на маргините на самитот на Европската народна партија разговарал и за Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.
Самарас вчера во Виена, меѓу другото, имаше и средба со австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер со кого разговарал за ситуацијата во Македонија, Турција, во Егејот, но и за грчката економија. Други детали од средбата не се соопштени.
Самарас во Виена се сретна и со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Дипломатски извори не ја исклучуваат можноста и на овие средби да се зборувало за прашањето за уставното име на Република Македонија.