Грчкиот премиер Андонис Самарас на почетокот на јуни во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун со кого ќе разговара за прашањето за името, јави дописникот на МИА од Атина.
Самарас од 2 до 4 јуни во Вашингтон ќе учествува на глобалниот форум на Американскиот еврејски комитет, а високи извори за „Катимерини“ откриваат дека официјална Атина се обидува да закаже и средба со aмериканскиот претседател Барак Обама, кој неколку недели пред тоа, на 16 мај во Белата куќа ќе се сретне со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
На 5 и 6 јуни во Њујорк ќе се одржи конгрес на Американско-грчката комора со цел да се привлечат странски инвестиции во Грција, што во моментов е приоритет на грчката Влада.