Самарас кај Борисов заради Македонија

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас наскоро ќе ја посети Софија, а една од главните теми на разговорите со неговиот бугарски колега Бојко Борисов ќе биде односот на двете земји кон кандидатурата на Македонја за членство во ЕУ, пишува софискиот весник „Стандарт“.

Весникот потсетува дека Грција и Бугарија веќе имаат усогласена позиција оти влезот на Македонија во ЕУ е можен само со добрососедски односи – принцип кој според Атина и Софија, Скопје не го почитува.

Посетата на грчкиот премиер на Бугарија била договорена за време на средбата на Самарас и Борисов во Атина во декември, пред Самитот на ЕУ на кој се разгледуваше и препораката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори со Македонија.

Самарас за време на посетата планирана за февруари, освен со Борисов, ќе се сретне и со претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев и со спикерот на Парламентот Цецка Цачева.

Пред да дојде во Софија, грчкиот премиер на 8 јануари во Берлин ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Официјалниот повод за престојот на Самарас во Белин, што коинцидира со одамна најавената посета на медијаторот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц на Атина, не е средбата со Меркел туку учество на економска конференција.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот