Самарас: Договорот не го решава проблемот и може да предизвика експлозии

Од:

Да запаметите дека со договорот го затворивте привремено, не го решивте прашањето и оттука па натаму, отворате уште полоши проблеми, рече поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, обраќајќи се до Алексис Ципрас, за време на обраќањето во грчкиот парламент.

Самарас смета дека решението или нема да издржи низ времето или ќе предизвика експлозии и нема да го стабилизира регионот.

– Овој договор, да запаметите, или нема да издржи или ќе предизвика експлозии. И Грција ќе се најде во полоши позиции. Единствено што постигнува е што го отвора патот за интеграција на Скопје во НАТО, ништо друго, го прескокнавте грчкото ветото и не решивте ниту еден проблем, рече Самарас обраќајќи му се на Ципрас.

Во однос на договорот, Самарас рече дека целосно го признава иредентизмот македонската националност и македонскиот јазик, а нема ништо од ерга омнес.

– Договорот што го носите сега признава македонска националност и македонски јазик, нешто што не помисли да го направи ниту еден грчки политичар во мнатото. И тоа е првата работа за која славеше Заев во Скопје. И сложеното име воопшто не е ни непреведено, како што лажно тврдеше премиерот, ќе биде преведено. И нема да биде ерга омнес, како што исто така лажно тврдеше,. За нивното државјанство ќе имаме, внимавајте, тројно име, затоа што како што предвидува член 3, поинаку ќе се викаат на меѓународно ниво- Македонци, граѓани на Северна Македонија, поинаку ќе се викаат во Грција – граѓани на Северна Македонија и поинаку во внатрешноста на Скопје – само Македонци, рече поранешниот грчки премиер.

Коментирајќи ги деловите од договорот, Самарас рече дека член 7 „го зајакнува иредентизмот“, а член 6, може да значи дури и „забранување на протестите за грчкиот карактер на Македонија“. Поранешниот грчки премиер смета дека договорот ќе создаде проблеми и „со години ќе се караме за виното, за алвата, за млечните производи, за мермерите од Македонија, за имињата“.

Андонис Самарас, упати остри критики и обвинувања до Ципрас, рече дека не станал одеднаш прозападен лидер, „туку еден обичен yesman“. Го обвини дека ги дестабилизира земјата и демократијата, затоа што во услови кога земјата 10 години во криза, на општеството одеднаш му создава „чувство на национално понижување“, а со тоа „потпалува оган во Грција“.

Во 25 минутното обраќање, поранешниот грчки премиер, говореше за периодот кога тој беше министер за надворешни работи, рече дека тој секогаш бил против име што ќе го содржи името Македонија, а ја обвини грчката влада дека „во нивната фурија, станале поскопјани од Скопјаните“.

Говорот на Самарас беше поздравен со аплаузи од пратеничката група на Нова демократија.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски