САД за поединци од Балканот воведе санкции заради корупција, дали и македонски политичари ќе се најдат на „црната листа“?

Од:

Милорад Додик доби санкции од САД поради коруптивни дејствија во спроведување на законот кој наликува на македонскиот закон.

Министерството за финансии на САД во декември објави проширена листа на санкционирани лица и компании од Србија, Хрватска, Косово и Бугарија, кои се поврзуваат со корупција и други незаконски активности, а „црната листа“ сега е проширена и на компании од Босна и Херцеговина. На него беше и Милорад Додик, кој доби американски санкции поради коруптивни дејствија при примената на одредени закони кои многу потсетуваат на македонските! Дали сега истото сценарио ги чека и македонските политичари?

Поради многуте законски решенија кои практично само се копираат од земја во земја, на пример како што е законот за игри на среќа, судбината на Додик би можеле да ја доживеат и поединци од нашата земја, пишуваат медиумите од регионот. Поради некои такви, Влади, одговорни лица и институции се тужени и се судат во Вашингтон.

Со оваа тема во голема мера се занимаваат и медиумите кај нас, а некои политичари веќе го поддржаа ставот на САД за санкции против влијателни луѓе од соседните земји.

Да потсетиме, според ажурираниот список, американските санкции беа наметнати на: Алтернативна телевизија од Бања Лука поради поврзаноста со Милорад Додик и самиот Додик, член на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Во образложението на санкциите за Додик се наведува дека тој е на новата американска црна листа поради поткопување на стабилноста, корупција и загрозување на мировниот договор. – „Додик ги поткопа институциите на БиХ повикувајќи на одземање на државните надлежности и иницирајќи создавање на паралелни институции во ентитетот Република Српска (РС). Покрај тоа, Додик ја искористи својата официјална позиција во БиХ за да акумулира лично богатство преку корупција, мито и други форми на корупција. Неговата етнонационалистичка реторика која предизвикува поделби ги одразува неговите напори да ги унапреди овие политички цели и да го одвлече вниманието од неговите коруптивни активности. Кумулативно, овие акции ја загрозуваат стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ и го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор, со што се ризикува поширока регионална нестабилност“, се наведува во образложението на санкциите.

Како што пишуваат медиумите во регионот, се нагласува дека „санкциите се воведени поради дестабилизирачките коруптивни активности на Додик и обидите да го разбие Дејтонскиот мировен договор, мотивирани од сопствени интереси, ја загрозуваат стабилноста на Босна и Херцеговина и на целиот регион“.
„САД нема да се двоумат да дејствуваат против оние кои бараат корупција, дестабилизација и поделеност на сметка на сопствениот народ, како и против оние кои овозможуваат и олеснуваат такво однесување“, се вели во соопштението.

Додик, исто така, отворено повика на еднострано пренесување на државните надлежности од властите на БиХ на Република Српска (РС), еден од двата ентитета што ја сочинуваат БиХ заедно со округот Брчко, и презеде акција за еднострано пренесување на државните надлежности. Додик јавно ги оцрни другите етнички и верски групи во БиХ, дополнително сеејќи поделби и политички застој. Додик е прогласен за одговорен за соучесништво, или директно или индиректно учество во прекршување или дело што го попречило или го загрозило спроведувањето на Дејтон, се наведува во образложението.

Додик, исто така, се именува како одговорен за соучесништво или вмешаност во корупција поврзана со Западен Балкан. -Имено, тој во БиХ формираше патронажна мрежа од која профитира тој и неговите соработници. Како еден од примерите за неговите коруптивни практики, Додик им давал владини договори и монополи во РС на директни деловни соработници. Додик ги користел своите коруптивни приходи за да се занимава со поткуп и дополнителни коруптивни активности за да ги оствари своите лични интереси на штета на граѓаните на РС – се заклучува во образложението.

Според соопштението од Министерството за финансии на САД, на оваа листа се најде и Алтернативна телевизија поради поврзаноста со Милорад Додик. – „АТВ, медиум со седиште во Бања Лука, е во приватна сопственост на компанија тесно поврзана со семејството на Додик. Сепак, самиот Додик ја контролира АТВ од сенка, а политички чувствителните теми бараат негово одобрување. Додик купи АТВ за свесно да ја унапреди сопствената агенда, која вклучува напори за оцрнување на други политички фигури и подобрување на неговиот јавен имиџ“ – се наведува.

Американскиот Стејт департмент соопштува дека претседателот на Високиот судски и обвинителски совет (ВССК) на Босна и Херцеговина, Милан Тегелтија и претседателот на ПДА Мирсад Кукиќ, член на Парламентарното собрание, ставени на листата поради нивната вмешаност во значајни коруптивни активности. Со своите постапки тие го поткопаа владеењето на правото и довербата на јавноста во демократските институции на власта и јавните процеси, како и мирот и просперитетот за граѓаните на Босна и Херцеговина.

Медиумите во регионот пишуваат дека користејќи ја службената положба на претседател на ВССК, Тегелтија учествувал во коруптивни активности кои вклучуваат употреба на политичко влијание и службена положба за лична корист. Конкретно, има веродостојни информации дека Тегелтија ја искористил својата позиција за да има корист во замена за мешање во судскиот процес и манипулирање со именувања на судски позиции и регрутирање за други јавни функции. Кукиќ учествувал во коруптивни активности користејќи го своето политичко влијание и службената положба за лична корист. Конкретно, постојат веродостојни информации дека Кукиќ злоупотребувал јавни средства за лична корист и се мешал во одлуките за вработување и именување за да стекне политичка корист.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Додик: Вучиќ ќе победи за суверенитетот на Србија

Горан Наумовски

Додик: Овој ден нека биде одбележан во мир и достоинство

Додик го повика на физичка пресметка, американскиот амбасадор возврати: Подло и заостанато

Предраг Петровиќ