САД во Тирана објави видео како треба да се избере функционален Уставен суд

Од:

Амбасадата на САД во Тирана денеска објави уште едно анимирано едукативно видео, објаснувајќи им на граѓаните како се врши избор на судии за Уставниот суд и како функционира институцијата.

Видеото е објавено на официјалниот профил на Фејсбук на Американската амбасада.

– Во претходното видео, дознавте за процесот ветинг. Сега ќе зборуваме за Уставниот суд. Погледнете го ова видео за да откриете како може Албанија да има функционален Уставен суд, со квалификувани, непристрасни и аполитични судии, се наведува во видеото.

Во видеото се објаснува дека членовите на Уставниот суд ќе бидат избрани со политички компромис, но дека потоа нема да имаат никаква врска со политиката и политичарите.

Потсетувајќи на проблемот со овој суд, Амбасадата забележува дека „често Парламентот и претседателот не можеле да се согласат со одреден судија и тоа предизвикувало празни места долго време“.
Новиот Уставен суд треба да донесе одлуки за сите донесени одлуки или закони, па дури и претседателски уредби, појаснуваат од Амбасадата на САД.

Поради непоминување на процесот на проверка на потеклото на имотот или познат како ветинг Уставниот суд на Албанија не функционира околу две години. Од девет членови,колку што брои судот осум не го поминаа ветингот, додека деветтиот судија е со изминат мандат.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД