САД најавија помош за поплавените на Балканот

Од:

Американскиот Стејт департмент вчера им изрази сочувство и жалење на сите зафатени од поплавите во Босна, Србија и Хрватска, и соопшти дека САД упатиле и ќе продолжат да испраќаат помош до Балканот.

– Нашите амбасади во Босна и Србија активираа процедури за дополнителни средства и ресурси кои ќе помогнат во оваа катастрофа.

Канцелариајт на УСАИД испрати експерти во Србија и Босна да помогнат со одговорот на поплавите. Дополнително, УСАИД обезбеди спасувачки бродови за Босна, а Секретаријатот за одбрана обезбеди кревети, ќебиња, вода, гориво, монтажни кујни, греалки, генератори и пумпи, соопшти портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки.

Во меѓувреме, и заедниците на дијаспората од Босна и Србија во САД се организираат за помош на поплавените татковини. Така на пример, босанската заедница во Чикаго и стопанската комора од Сент Луис организираат голема хуманитарна акција за, како што велат, “ураганот Катрина” кој ја погоди Босна. Помошта со авион треба да биде пренесена
од Чикаго до САД. Српската православна црква Пресвето Воскресение од Чикаго соопшти дека во рок од неколку дена собрала 18.000 долари од верниците.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата