САД ја пофалија Србија што гласаша за резолуцијата во ОН за осуда на руската анексија во Украина

Од:

Србија застана на вистинската страна на историјата и заедно со над 143 земји минатата недела во ОН гласаше за резолуцијата за осуда на Русија во нејзиниот обид за незаконска анексија на територии во Украина, изјави денеска Карин Донфрид, заменик државна секретарка за Европа и Евроазија.

На прашање од МИА како САД ја оценуваат одлуката на Србија да не ги прифаќа санкциите на ЕУ кон Русија, таа го охрабри Белград да ги прифати санкциите и го пофали што гласаше за резолуцијата на ОН за осуда на акциите на Русија во Украина.

-Сепак, треба да истакнеме дека Србија зазеде важен став во гласањата на ОН за војната на Русија против Украина. Во март таа ја осуди руската инвазијата. Исто така, минатата недела, Србија стоеше на вистинската страна на исторјата и ја осуди незаконската анексија на Русија во Украина, истакна Донфрид на брифинг за новинарите.

Со ова, додаде таа, Србија застанаа во обрана на принципите на територијалниот интегритет и во одбрана на Повелбата на ОН.

Администрацијата на Бајден го поддржува дијалогот меѓу Србија и Косово со посредништво на ЕУ, и тоа е една од задачите на нашиот специјален претставник (за Западен Балкан, Габриел Ескобар), кој е во посета на регионот неделава, рече Донфрид.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тошковски: Ќе има постапки за сите „недопирливи“ чии имиња не смеело да се споменат досега

Катерина Ѓуровски

Одреден притвор за тројцата инженери од Крушик заради шпионажа за фирма од Македонија

Катерина Ѓуровски

Почнува пробното производство на српската „панда“

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор

Ликвидиран е Фатон Хајризи, убиецот на српскиот полицаец

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Уапсен е маж осомничен дека е вмешан во убиството на полицаецот во Лозница

Горан Наумовски