Русија: Заканите на Европа се недозволиви

Од:

Русија ги осуди заканите кои што пристигнуваат во Сирија од ЕУ и наведе дека опозицијата ја блокира истрагата за наводниот хемиски напад.

-Повиците кои што пристигнуваат од Европа, за да се примени сила во Сирија се недозволиви-соопштија од Кремљ, од каде што претходно повикаа сирискиот режим да соработува со ОН.

Новинските агенции изминатите денови објавија десетина фотографии на кои што се гледаат убиени лица. Но, според руското Министерство за надворешни работи станува збор за монтиран материјал, кој што е подготвен пред 21 август, кога наводно дошло до напад.

Францускиот шеф на дипломатијата, Лоран Фабијас вчера изјави дека меѓународната заедница мора да реагира со сила доколку се потврди дека во Сирија е користено хемиско оружје.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија