Румен Радев го врачи вториот мандат за формирање бугарска влада на „Продолжуваме со промената“

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев го врачи вториот мандат за формирање влада на Николај Денков, номиниран за премиер од „Продолжуваме со промената“, јави дописникот на МИА од Софија.

Радев рече дека Денков овој мандат го добива на првиот работен ден од новата година, кога традиционално си посакуваме здравје, мир и бериќет и кога на него се гледа со надеж и очекување за повеќе разум, дијалог и разбирање. Тој изрази надеж дека Денков и партијата што ја претставува „Продолжуваме со промената“ ќе ја побараат потребната собраниска поддршка.

Денков рече дека во име на „Продолжуваме со промената“ го прифаќа вториот мандат со јасна свест дека задачата е исклучително тешка и рече дека се убедени дека мора да се направи се што е потребно за да се формира влада.

Денков го информирал претседателот на Бугарија дека одржале консултации со три парламентарни партии – Демократска Бугарија, БСП и Бугарски подем.

„Продолжуваме со промената“, ќе поднесе декларација со националните приоритети до 48. Народно собрание и при гласањето ќе се види дали има мнозинство за поддршка на нивната влада, објасни кандидатот за премиер Николај Денков.

Се очекува гласањето за декларацијата да се одржи на 5 јануари во Народното собрание на Бугарија, но рокот за враќање на вториот мандат според бугарскиот устав истекува на 12 јануари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија

(ВИДЕО) Бојко Борисов бара оставка од вицепремиерот Николоски: Не треба да има средби со овие луѓе

Катерина Ѓуровски

Нови тензии за инцидентот „македонско знаме“, Софија обвинува за „провокации и навреди“

Катерина Ѓуровски

Радев за средбата со Сиљановска-Давкова: Посетата не беше ниту државна, ниту работна

СДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

Катерина Ѓуровски

Радев: Софија очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од претседателката Сиљановска Давкова да стане конзистентна политика на Владата во Скопје